Скопје помина една мирна ноќ по серијата земјотреси кои го здрмаа вчера од кои три беа посилни

Уште од попладнето, по силниот удар во 15 10 кој сезизмолозоте го дефинираа како најсилен, ( 5,3) според Рохтер, Скопје почна да се празни. Се забележуваа колони возила по бензинските пумпи, разни насоки кон викендиците андвор од Скопје, и кон други градови во внатрешноста. Со патнички торби во раце и ранци скопјани вчера излегуваа со своите домови.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје, вчера , на 11.09.2016 год., регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во источниот дел на Скопското епицентралното подрачје.
Серијата започна со земјотрес во 06 часот и 58 минути, кој имаше локална Рихтерова магнитуда 3.9, а беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VIVII степени според Европската макросеизмичка скала. Во 06 часот и 59 минути, се случи друг земјотрес, со локална Рихтерова магнитуда 2.8, а со интензитет во Скопје и околината од IVV степени според Европската макросеизмичка скала.
По ова следуваа послаби и непочувствувани земјотреси. Најсилниот земјотрес на серијата се случи во 15 часот и 10 минути, со локална Рихтерова магнитуда 5.3. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VIIVIII степени според Европската макросеизмичка скала, а со послаби интензитети и во останатите делови на Република Македонија. Во Скопје и околината настанаа извесни оштетувања на постарите градби.
По овој земјотрес, до околу 18 часот регистрирани се околу 10 послаби земјотреси, од коишто со мали интензитети се осетени четири
Последниот беше регостриран нешто пред 21 часот, кога граѓаните повгтрпоно илзегоа на улица. Добар дел од нив останаа цела ноќ во скопксите паркови и ноќта ја минаа во шатори или спиеја во автомобилите.
ПО најсилниот ударт во 15 10, вчера стотина лица побарале лекарска помош во скопските болници и амбуланти по денешната серија земјотреси што го погодија Скопје и околината.
Четириесетина лица побарале помош во градската болница „Наум Охридски“, а уште толку во градската болница „8 Септември“.
Најчесто се повредиле при бегање од своите домови, а неколкумина се со скршеници. Во болницата „Наум Охридски“ се задржани на лекување тројца пациенти, меѓу кои и една жена која паднала од тераса од први кат, при што се здобила со скршеници на нозете. Во болницата „8 Септември“ нема хоспитализирани пациенти со повреди од денешните земјотреси.
Десетина лица попладнево побарале помош и во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но засега нема информации дека има посериозно повредени.
(ВИДЕО) СНИМЕН МОМЕНТОТ НА ЗЕМЈОТРЕСОТ
НА социјалните мрежи се дистрибуираше снимка од момоент на земјотресот за време на проба на музичкио оркестар.
Снимката е од проба на оркестарот ФАМЕС, кој е сместен во зградата на Македонската телевизија. Како што може да се види, одеднаш музичарите срипуваат од столчињата и тргнуваат бргу да ја напуштат салата во која ја изведуваат пробата.
(ВИДЕО+ФОТО) По силниот земјотрес во село Студеничани тече црвена вода
Град Скопје соопшти дека по првиот земјотрес што го потресе главниот град изутрината во 6:58 часот, веднаш е активиран Градскиот штаб за заштита и спасување. – Веднаш се мобилизираа екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и екипите на сите градски јавни претпријатија.