Секс робинка на Исламската држава стана амбасадор на добра волја на ОН

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Таа била киднапирана од своето село, близу до Синџар, Северен Ирак

1474095792-2
Млада жена од Ирак, била претворена во секс робинка од џихад група Исламска држава, беше избрана за амбасадор на добра волја на ОН за заштита на жртвите на трговијата со луѓе, пренесе Франс прес. Надја Мурад Басови Таха, на 23 години, води кампања за тоа злосторствата извршени од ИД против језидите во 2014 година, да бидат прогласени за геноцид.Младата жена била киднапирана од своето село, близу до Синџар, северен Ирак, во август 2014 година и одведена во Мосул.

Во вториот по големина ирачки град, кој се уште е под контрола на ИД, таа била подложена на групни силувања од борци на групата. На неколку пати Надја била продаваат како секс робинка.

“Најмногу се плашам дека кога ИД ќе биде поразена, терористите од групата ќе си ја потстриже брадата и ќе се смешаат со толпата, како ништо да не се случило. Не можеме да оставиме работите да одат така”, вели Надја.

Младата жена е претставена од набљудувачката адвокатка Амал Клуни. Сопругата на актерот Џорџ Клуни ја обвини ИД  за геноцид и ја  повика милитантната група да понесе одговорност за своите постапки.

Илјадници жени беа претворени во секс робинки од ИД  која врши геноцид, но тоа злосторство остана неказнето, истакна Адвокатката.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун призна дека жестоката историја на младата жена го  потресе и бил восхитен од нејзините сила, храброст и достоинство.

Според ОН околу 3200 језиди се држени во заробеништво од ИД , најмногу во Сирија. Џихадисти  ги претвораат девојките од тоа курдскоезично малцинство во секс робинки, а момчињата – во деца војници.