Џорџ Буш постариот: Ќе гласам за …

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Видете го изборот на поранешниот претседател на САД

bush-stariotПоранешниот претседател Џорџ Буш постариот ќе гласа за Хилари Клинтон на претседателските избори во ноември, објави ББС, повикувајќи се на информации на  “Политико”.
Буш постариот, кој како кандидат на Републиканската партија ја освои претседателската функција од 1989 до 1993 година, и се уште не го  одобрил официјалниот кандидат на партијата Доналд Трамп .Тој не го поддржи дури ни  син му  Џеб Буш, кој безуспешно се натпреварува за номинацијата на републиканците, или другите ривали во трката – Тед Круз и Џон Касич. Кетлин Кенеди Таунсенд, поранешен гувернер на Мериленд, ја објавила слика на Фејсбук од средбата со Џорџ Буш постариот. Кон сликата дамата која е ќерка на американскиот сенатор Роберт Ф. Кенеди и внука на починатиот претседател Џон Кенеди, напиша “Претседателот ми рече дека ќе гласа за Хилари!”
Портпаролот на Буш – Џим Макград, сепак беше претпазлив и сподели во социјалните мрежи дека не е јасно за кого ќе гласа поранешниот претседател.