Паоло Коељо: Не планирам да пишувам книга за Радован Караџиќ

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

Светски познатиот бразиски писател Паоло Коељо ги демантираше информациите на белградскиот весник „Вечерње новости“ дека планира да напише книга за животот на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.paulo-koeljo-480x270

– „Вечерње новости“ објави дека планирам да пишувам за животот на еден воен злосотрник и дека за таа цел ќе одам во Хаг. Тоа е лага. Ве молам проверете си ги своите извори, објави синоќа Коељо на официјаниот профил на Фејсбук.

„Вечерње новости“ објави дека Коељо побарал од Хашкиот трибунал да му дозволи средба со Караџиќ, со цел да напише книга за неговиот живот. Според весникот, славниот писател најавил дека е подготвен да допатува во Холандија и со Караџиќ да мине две недели, со цел тој да му раскаже како со години се криел од органите на прогонот под лажното име доктор Драган Давид Дабиќ.

Белградскиот весник повикувајќи се на „добро информиран извор“, тврди дека Караџиќ засега не се согласил целосно да открие дел од неговата лажна биографија и се да му раскаже на бразилскиот писател.

Иако е свесен дека неговата приказна ќе има планетарен одек, а со потписот на Коељо и книгата ќе достигне милионски тираж, Караџиќ се уште размислува околу оваа „многу примамлива понуда“, изјавил наводно истиот извор за весникот.