5 тајни на жените кои никогаш не се дебелат, немаат брчки и живеат најдолго

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Жителите на Јапонија во последните 25 години го држат светскиот рекорд за жени со најдолг животен век, а во просек живеат 84 години и половина. Покрај тоа, речиси никогаш не се дебелат. Видете која е тајната на нивната долговечност и младоликост.

1474704439-16

Јапонската писателка Наоми Мориама е автор на книгата “Japanese Women Do not Get Old or Fat” (Јапонките не застаруваат и не се дебелат) во која се откриени тајните на долговечноста на “чудната” Јапонка. Жените во Јапонија се хранат исклучително здраво, а јапонската култура бара доделување на мали порции.
Нивната исхрана првенствено се состои од риба, морски алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај. Освен што се здрави, овие храни имаат и анти-ејџ ефект поради кој Јапонките секогаш се младолики,.

Наоми Мориама во книгата открива 5 тајни за фантастичен изглед на Јапонките.

1. Жените во Јапонија речиси секогаш јадат јадења подготвени дома, кои главно се состојат од риба на скара , ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. Јапонките консумираат цели 10% од вкупната потрошувачка на риба во светот, а сочинуваат само 2% од светското население.

2. Храната се вари или се прави на скара, а наместо леб Јапонките јадат ориз. Вообичаениот јапонски појадок сочинува парче риба, ориз, тофу, алги, супа, млад лук, омлет и зелен чај, сето во мали порции.

3. слатките десерти се реткост во јапонската кујна, а кога се јадат секогаш се во мали количини. Не дека Јапонките не сакаат чоколади и колачи – едноставно се свесни за последиците и штетите од слаткото за здравјето.

4. Родителите ги учат своите деца да јадат полека и да го ценат секој залак. Поради тоа Јапонците никогаш не ја полнат чинијата до врвот и не се врзани со големи порции, а секој вид храна се сервира одделно.

5. Спортот е дел од секојдневниот живот во Јапонија, велосипеди, пешачење и трчање.