– Вашиот град и природата која го опкружува навистина е прекрасна. Не можеме да сфатиме како можат луѓето да ја уништуваат таа убавина фрлајќи отпад каде ќе стигнат. Затекнавме бројни пластични шишиња, остатоци од храна, дури и детски пелени. Два часа ја чистевме плажата, наполнавме пет вреќи, ги зедовме со нас и потоа на пат кон дома ги фрливме во контејнер. Остана уште отпад на плажата, но повеќе немавме место во автомобилот за да ставиме уште некоја вреќе, велат тие.