Повредениот Зоран Маџиров по сообраќајкат е во стабилна состојба

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Познатиот музичар Зоран Маџиров според последните информации е во стабилна состојба, по тешката сообраќајна несреќа која се случи на патот од Струмица кон Радовиш.Сообраќајната незгода се случи  вчера попладне , околу 18 часот, кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш.

144715
Според болнички информации, Маџиров е свесен и контактабилен. Маџиров управувал со својот автомбил марка „Мерцедес“ и удрил во камион, по што се здобил со тешки телесни повреди. Веднаш бил пренесен во болницата во Струмица, а од таму, поради сериозноста на повредите итно беше пренесен на КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје.

Сообраќајната незгода се случила попладнево, околу 18 часот, кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш.

Според првичните сознанија, Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.

Од страотната сообраќајка тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на радовишката Итна помош е префрлен во струмичката болница, од каде пак под итно е префрлен на КАРИЛ во Скопје.

Според сознанијата, Маџиров бил сам во автомобилот.Инаку, тој со своето семејство живее во Загреб, Хрватска, а е  роден Струмичанец.

На светската јавност  Зоран Маџиров и е познат како „ботл мен“, односно човекот кој свири на шишиња.