Бугарската амбасадорка во Белгија стана “хит на интернет”

од desk3
105 прегледи

Маја Добрева стана популарна на интернет поради снимка со Великиот војвода Анри

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Белгија и Луксембург Маја Добрева предизвика дебати на интернет, откако на интернет се појави слика од средбата со Великиот војвода Анри.

На 28 септември Добрева го посетила дворецот во Луксембург, за да ги предаде своите акредитивни писма. Двајцата разговарале за развојот на билатералните односи, зајакнувањето на економските контакти и културната размена меѓу двете земји и коментирале разни актуелни теми.

Сликата добива се поголема популарност на социјалните мрежи и стана за повод за многу коментари.