Збирниот тим на поранешниот бразилски репрезентативец Роналдињо го победи оној на аргентинската легенда на светскиот фудбал Диего Армандо Марадона со 4: 3 во добротворниот “Натпревар на мирот” под покровителство на папата Франциск.

Средбата се играше на “Олимпико” во Рим, а средствата од неа се за добротворна иницијативи како поддршка на настраданите од земјотресот во Италија на 24 август оваа година.
Головите за тимот на Роналдињо ги постигнаа Фредерик кану, Бојан Кркиќ, Хернан Креспо и Фернандо Кавенаги. За составот во кој играше Марадона, головите ги реализираа Антонио ди Натале, Франческо Тоти и Николас Бурдисо.
https://youtu.be/DdOgOjv64GE
Сииот тим – Белиот тим 3: 4
1: 0 Антонио Ди Натале, 1: 1 Фердерик кану, 2: 1, Франческо Тоти, 2: 2, Бојан Кркиќ, 2: 3 Хернан Креспо, 3: 3 Николас Бурдисо, 3: 4 Фернандо Кавенаги
Синиот тим: Мондрагон, Кафу, Алдаир, Бурдисо, Кандела, Тадеј, Карбон, Мауро, Марадона, Ди Натале, Тоти (46 – Хан Веи Чен)
Белиот тим: Бисари, Ѕамброта, Маркес, Санчиз, Абидал, Давидс, Верон, Бојан, Роналдињо, Креспо, Кануте