Кои се највалканите предмети во канцеларијата

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Компанијата за информатичка технологија “СиБиТи Нагетс” направила студија во кој дел во канцеларијата има најмногу бактерии, а нарачала примероци од нив да бидат тестирани во лаборатории, соопштува британскиот весник “Метро”.

image_5815421_126
Излезе дека повеќето нечисти предмет во канцеларијата се електронските беџови, а по нив во истражувањето се рангираат тастатура, компјутерските глувчиња и мобилни телефони.

Најраспространетите бактерии откриени во примероци биле грам-позитивни, кои се карактеристични за пневмонија.