Шефот на најголемата полициска организација во САД се извини за неправдите кон афроамериканците

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 

Претседателот на најбројната американска полициска организација, Теренс Канингем се извини денеска поради лошиот однос на полицијата кон афроамериканците во САД.полиц амери

Тој во Сан Диего на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефовите на полиции, која претставува повеќе десетици илјади полицајци ширум светот, истакна дека полицијата во текот на историјата била симбол на репресија при спроведување на законите, што придонело за легализирање на дискриминацијата и намалување на основните права.

– Неправдите во минатото создале недоверба меѓу црномурестите и полицијата. Меѓународното полициско здружение признава и се извинува за тие акции, нагласи Канингем, додавајќи дека денешните полицајци не треба да се обвинуваат за минатото.