ЕУ: Русија со Алепо, причина за “немерливи страдања”, еднакви на воени злосторства!

од Vladimir Zorba
83 прегледи

ЕУ остро ја  осуди Русија за предизвикување “немерливи страдања” со бомбардирањето на сирискиот град Алепо, и посочи дека воздушните напади на Москва и Дамаск се еднакви на воени злосторства.

5116955

“Од почетокот на офанзивата на режимот и неговите сојузници, особено Русија, интензитетот и обемот на воздушните бомбардирања во источен Алепо се очигледно непропорционални”, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на ЕУ по нивниот состанок во Луксембург. “Сознанието  за претворање на болници, медицински персонал, училишта и важни инфраструктурни објекти во цели, како и користењето на молотови коктели, касетни бомби, хемиски оружја, претставуваат катастрофална ескалација на конфликтот, достигнува ниво на  воени злосторства”, истакнуваат министрите за надворешни работи на ЕУ. / АФП