Во центарот на Њујорк беше поставен бизарен полугол кип на демократскиот кандидат за американски претседател Хилари Клинтон, на кој таа наместо нозе има копита.
Кипот, кој предизвика противречни реакции во САД, претставува фигура на Клинтон крај која стои банкар од Волстрит, кој ѕирка покрај нејзините гради.
Како што објави „Дејли Њуз“, скултурата поставена во финансискиот кварт на Менхетен, претставувала протестен перформанс, кој траел три часа, по што една револтирана жена го нападнала авторот на кипот, 27-годишниот уметник Ентони Скиоли.
Поставувањето на кипови со политички пораки не е новина во изборните кампањи во САД. Така, досега во неколку американски сојузни држави се појавија исмевачки скултури на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Според на Хилари Клинтон според весникот стоела крај метростаницата три часа.
SEE IT: Naked statue of Hillary Clinton in downtown sparks battle http://nydn.us/2edZ9uZ @lebult
