Ивестирање а не злоупотреба во девојчињаод 6-11 години, може и да донесе на економијата милијарди долари

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Ако државите стават крај на принудните бракови, на детскиот труд и на други такви појави кои штетат на здравјето и правата на девојчињата, економијата може да добие милијарди долари, соопшти Фондот на ОН за население (ФООНН).swop-2016-english-report-cover

Вкупно 16 милиони девојчиња на возраст од 6 до 11 години никогаш не посетувале школо, многу од нив се принудени на брак или работа за да ги помогнат финансиски семејствата, се вели во извештај на фондот.

Земјите во развој може да добијат по 21 милијарда долари ако сите 10-годишни девојчиња завршат средно образование. Извештајот е објавен откако светските лидери прифатија амбициозен план од неколку глобални цели за надминување до 2030 година на сиромаштијата и нееднаквоста.

УНФПА: Состојба на светското население или како нашата заедничка иднина зависи од 10 годишните девојчиња

Според извештајот, 47.700 девојчиња на ден се мажат пред да наполнат 18 години, а на три четвртини од девојчињата што работат не им се плаќа.

Во извештајот се препорачува сиромашните семејства да добијат парична помош за да бидат стимулирани да ги испраќаат ќерките на училиште најдолго што може.