Силувана и набиена на кол аргентинска девојка го запали континентот

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Од настанот  на  девојката и пукнало  срцето и починала

1476991100-1
Ѕверско силување  на девојка во Аргентина крена бурни протести во цела Латинска Америка. Илјадници Аргентинци излегоа на улиците во протест против бруталното однос кон жените во земјата. Акцијата беше наречена “Црната среда”, а учесниците носеа транспаренти “Ниту една жртва повеќе!”.Повод за масовните протести стана убиството на 16-годишната Луција Перес во град Мар дел Плата. Двајца мажи насилно ја дрогирале девојката и ја  силувале, а користеле и предмети, по што ја набиле на кол  . Од малтретирањето  девојката добила расцеп на срцето и починала. Извршителите  се дилери на дрога, од кои Луција сакала да си купи дрога.

Брутално случај беше осуден со протести во Чиле, Уругвај, Мексико, Боливија и други земји. Поддршка за кампањата против насилството над жените даде   и претседателката на Чиле Мишел Бачелет. Од почетокот на годината во Аргентина се регистрирани 226 убиства на жени и девојки.