Тимот на Голден Стејт забележа победа во последната контрола од предсезонските подготовки. Во својата сала “Оракл Арена” “воини” победија со 107: 96 над Портланд Треј блејзери.

Со своите 35 поени лидерот на домаќините Стеф Кари беше најпрецизен на натпреварот, реализирани се 8 тројки од 13 обиди. Новото ѕвездено засилување на тимот Кевин Дурант пак заврши со 28 поени, 7 скока и 6 асистенции. За гостите Демијан Лилард постигна 20 поени. Ова беше последна проверка и за двата тима пред стартот на сезоната во НБА.
Во отворено натпревар за новата кампања Голден Стејт игра со Сан Антонио Спарс, додека Портланд ќе биде домаќин на Јута Џез. Еве и уште резултати:
Вашингтон Визардс – Торонто 119: 82
Мајами Хит – Филаделфија 76- 110: 113
Минесота Тимбрувлс – Шарлот Хорнетс 109: 74
Сан Антонио Спарс – Хјустон 114: 99
Денвер – Далас Маверикс 101: 75
ЛА Лејкерс – Феникс Сънс 94:98.