САД ги предупредија граѓаните од опасност од напади во Истанбул

од desk3
85 прегледи

САД ги предупредија своите државјани од потенцијална опасност од терористички напади или обиди за киднапирање на странци во Истанбул.

turtsi

Во соопштението на Конзулатот на САД во Истанбул, објавено доцна синоќа, се наведува дека екстремистички групи продолжуваат со своите „агресивни напори“ да ги нападнат Американците и другите странци во тој град.

– Тие напади би можеле да бидат однапред планирани или би можеле да се случат со мало или никакво предупредување, а можни се и вооружени напади, обиди за киднапирање, бомбашки напади и други насилни дела, се посочува во соопштението од Американскиот конзулат во Истанбул.

Конзулатот не прецизира која група би можела да ги изведе таквите дела, но минатата година Истанбул беше мета на бомбашки напади на Исламска држава и на Курдската работничка партија./МИА