Хамилтон ги задржи шансите за титулата по успехот во Остин

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон заврши прв во Гран при на САД на патеката во Остин и  ги задржи шансите за светската титула. Британецот беше побрз од клубскиот колега Нико Розберг и се доближи на 26 поени од Германецот три кола пред крајот на сезоната 2016.

hamilton

Хамилтон го совлада растојанието за 1 час 38 минути и 12,618 секунди, а Розберг заостана со 4,520 секунди. Место во тројката најде Даниел Рикардо од Ред Бул (+19,692), а десетици додаваат Себастијан Фетел (Ферари), Фернандо Алонсо (Мекларен), Карлос Сајнц (Торо Росо), Фелипе Маса (Вилијамс), Серхио Перез (Форс Индија), 9 . Џенсон Батон (Мекларен) и Ромен Грожан (Хас).

До финалето од различни причини не успеаја да стигнат Кими Раиконен (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Форс Индија) и Естебан Гутиерес (Хас).hamil

Хамилтон доби за неговата победа во Остин 25 поени, а Розберг – 18. Сега во активните Германецот има 331, а Хамилтон – 305 Трет е Рикардо со 227 поени. Кај конструкторите тимот на Мерцедес, кој си обезбеди предвремено победата, води убедливо со 636 поени, следен од Ред Бул со 400 и Ферари со 347. Следната фаза од светскиот шампионат во Формула 1 ќе се одржи на 30 октомври во Мексико.trka