Тuttosport: Ренато Санчез е “златното момче” на Европа за 2016

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Фудбалерот на Баерн Минхен Ренато Санчез беше оизбран  за најдобар млад играч во Европа за 2016 година и ќе ја добие наградата “Golden Boy”.

5128629

Церемонијата на доделување на наградата ќе се одржи денеска во Монте Карло, но весник Tuttosport на својата прва страница претходно објави фотографија на 19-годишниот Санчез и информации за неговата победа.

Младиот Португалец е понапред во анкетата Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед и соиграчот Кингсли Коман. Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума е единствениот Италијанец во десетката.

Најдобриот играч за годината се избира со гласовите на 30 новинари од водечките спортски изданија на Стариот континент. Фудбалерот треба да е на возраст до 21 години и да игра во Премиер лигата на некој од европските шампионати.

Ренато Санчез  го наследува Антони Марсеј, кој  ја зеде наградата минатата година.