Претпоставеното сценарио на седмата сезона на популарната серија “Игра на престоли” се појави на интернет, соопшти Heat Street. Изданието детално го опиша она што ќе се случува во секоја од 7-те епизоди на седмата по ред сезона. Првично информациите се појавија на профилот Free Folk на сајтот Reddit. Подоцна профилот беше отстранет.
Засега нема потврда дека објавените материјали имаат врска со серијата. Во исто време британската актерка Натали Емануел, која ја толкува улогата на Мисандеи, ги критикуваше оние кои шират однапред информациите за филмот.
На страната на Твитер таа изјави дека има луѓе кои имаат намера да ја расипат седмата сезона на серијата. Премиерата на седмата сезона треба да биде следната година.
Серијата е удостоена со многу престижни награди, а неодамна постави и рекорд во вкупниот број на добиени статуетки “Еми” – 38 на број.