Во Романија започна истрага за злосторства против човештвото

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Романското правосудство објави дека започнува истрага за извршени злосторства против човештвото за време на настаните во декември 1989 год., кога диктаторот Чаушеску беше соборен од власт и егзекутиран заедно со својата жена Елена Чаушеску.

roman-politse

Ова е нова фаза во долготрајна истрага со цел да се расветли одговорноста за крвавите настани од тоа време. Истрагата беше обновен во јуни со одлука на Врховниот суд за казација, откако случајот беше суспендиран поради застареност и поради недостаток на докази. Воени обвинители прецизираа дека истрагата ќе се води за злосторства против човештвото, што овозможува да се заобиколи условот за застареност. Истрагата е против непознат сторител, но военото обвинителство ќе бара одговорноста на новото политичко и воено управување, кое ја  зема власта по бегството на Николае Чаушеску на 22 декември 1989 год.

“Фронт за национален спас”, предводен од поранешниот министер на Чаушеску – Јон Илиеску, ја води  Романија во првите недели по “револуцијата”. Илиеску е избран за претседател на земјата во 1990 година Според обвинителите на ВКС, “за да ја задржат власта”, новите контролори на земјата примениле план и  “предизвикали смрт, прострелни рани, физички и психички трауми, како и задржување на голем број на луѓе”.

Локално.мк потсетува дека во превратот, за време на настаните во Романија во декември 1989 год, загинале вкупно 1104 лица.  Од нив 162 го  изгубиле својот живот пред падот на Чаушеску, кој наредил задушување на демонстрациите, а 942 – во следните денови на настаните кои 27 години подоцна остануваат неразјаснети. / АФП