И Чак Норис со членска книшка на СДСМ

од Vladimir Zorba
181 прегледи

По фалсификатот членска книшка за специјалната јавна обвинителка со која намерата беше да се изманипулира јавноста за нејзина наводна партиска припадност, се појавија исти членски книшки и за други, меѓу кои и Чак Норис.timthumb-32Освен подбивањето со ваквиот обид на власта за манипулација, целта е да се покаже дека ваква партиска книшка можно е со фотомонтажа да се направи за многу кратко време.

Наводната партиска книшка на Катица Јанева ја објави “Дневник“ за потоа да се шири веста по другите провладини медиуми и да се убедува јавноста дека таа е партиски член.

СДСМ демантираше дека Јанева некогаш била или пак сега е партиски член и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквите конструкции сака да го одвлече вниманието од криминалот кој го има направено. Книшката која беше фотомонтажа со името на Катица Јанева изгледа сосема нова, а беше посочена дека е од 2004 година, потпишана наводно од Бранко Црвенковски, кога тој беше претседател на државата.