Ватикан се дистанцира од димите на Џовани Кавалколи

Коментарот на денот на Кавалколи е поради силниот потрес кој ја погоди централна Италија со 6,6 степени по Рихтер – најсилен во историјата во полседните 36 години.
Ова е трет голем земјотрес во регионот во рок од само 2 месеци. Радиостаницата, по која Кавалколи ја даде скандалозната изјава, се дистанцира од него.
Официјалната изјава на Ватикан е дека визијата за Бог како за одмаздникот, е пагански, и датира од предхристијанската епоха.
Архиепископот Анџело Бечуи, кој е втор човек во државниот секретаријат на Ватикан, изјави дека коментарите на Кавалколи се “навредливи за верниците и е радост за неверниците”. Тој дури побара прошка од жртвите на земјотресот и ги потсети дека ја имаат солидарноста и поддршката на папата Францис.
Кавалколи, сепак, не попушти. Во друга радио станица, тој истакна дека катастрофите навистина се предизвикани од “гревовите на човекот” и препорача на Ватикан да си ја прочитаат катехизамата.