Новиот лидер во светската ВТА Енди Мареј триумфираше со титулата од Мастерсот во Париз. Во многу оспоруваното финале, продолжено 2 часа и 17 минути, Британецот го победи со 6-3, 6-7 (4), 6-4 Џон Иснер од САД.

Со успех Мареј ја освои осмата титула во сезоната и вкупно 43-та во својата кариера. По многу изедначен почеток на средбата новиот лидер во светскиот тенис успеа да земе аванс во шестиот гем, и поведува со 4-2. Уште во одмаздничкиот гем Иснер можеше да го врати брејкот, но пропушти две можности и конечно Мареј ја задржува предноста. До крајот на сетот и двајцата си разменија по еден гем за конечната 6-3. Вториот сет започна слично на првиот – со солидна игра од двете страни на мрежата. Пред високиот 208 цм Американец на неколку пати се отворија можности да го пробие својот ривал, но залудно.
Сепак во последно тајбрејк Иснер успеа да ги победат и да го израмни резултатот по 7-4. Двајцата тенисери продолжија со извонреден тенис и во завршниот трет сет. По исклучително квивалентна игра, Мареј успеа да го скрши својот ривал во вистинскиот момент. При 5-4 во негова корист лидерот во светската АТП листа дојде до меч топка, која ја искористи и на тој начин ја освои титулата во Париз.