Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн и турскиот министер за европски прашања Омер Челик

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн е за воведување на економски санкции на Европската унија против Турција поради политиката на турскиот претседател Реџеп Ердоган спрема опозицијата и новинарите.
Во интервју за радио Deutschlandfunk министер Аселборн истакна дека третманот на поранешните државни службеници во Турција потсетува на “методите користени во времето на нацизмот”.
Министерот за надворешни работи на Луксембург остро го критикува развојот на ситуацијата во Турција. Според него, претседателот Ердоган не почитува владеењето на правото, што е недостојно за земја која сака да влезе во ЕУ. Министерот Аселборн вели дека тоа насочува кон воведување на диктатура. Жан Аселборн потсети дека 50 отсто од извозот на Турција е за земјите од ЕУ, а 60 проценти од инвестициите во земјата, исто така, се од заедницата. “Ова е неограничено средство за притисок и во даден момент нема да се откажеме од неговата употреба”, рече Аселборн.
Локално.мк потсетува дека в0 петокот, по наредба на турската обвинителство беа приведени 12 пратеници од прокурдската Демократска партија на народите, вклучувајќи ги и копретседателите Селахатин Демиртас и Фигел Јуксекдаг. Потоа осум од овие пратеници беа уапсени по одлука на судот. Турските власти ги објаснија активностите со тоа што откако беше одземен имунитетот на дел од пратениците во парламентот, на некои од нив биле покренати обвиненија. Овие пратеници сепак не се јавиле кога биле повикани да сведочат, и затоа морало да бидат уапсени. Апсењата на пратеници предизвика остра реакција на лидерите на земјите од ЕУ. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека активностите на Анкара ги ставаат под прашање односите меѓу ЕУ и Турција. / РИА Новости