Неодамна објавената тајна на ФБИ, меморандум од педесеттите години открива една интересна приказна во врска со нашите простории. ФБИ во средината на минатиот век, верува дека Јосип Броз Тито, поранешниот југословенски претседател Тито не е навистинскиот туку руски таен агент.

Шокантна приказна на ФБИ е од 20 април 1955 година лиферувана од Маријан Џон Маркул . Во меморандумот од почетокот на април 1955 година се наведува дека човекот, кој се претставил како маршалот Јосип Броз Тито, во суштинна не е Тито, но руски агент кој го презел идентитетот на Јосип Броз за кој вели дека исчезнал во Русија во 1937 година.
“Тој вели дека Тито не ги има сите прсти и не знае да свири на пијано”
Маријан Маркул е роден во Ливно во 1909 година и се преселил во САД во 1936 година, а добил државјанство по две години откако служел во американската армија.
Во белешката на состанок на агентот на ФБИ со Маркул се наведува дека тој ја посетил Југославија во 1953 година и двапати се сретнал со Тито. Првиот состанок траел околу еден час, а по тој повод забележал дека Маршалот Тито има пет прсти на секоја рака. Маркул тврди дека вистинскиот Тито го загубил средниот прст и показалецот на левата рака. Тој додаде дека Тито при разговорот од 1953 година заклучил дека е одличен пијанист. Од друга страна, пак, вели дека Тито бил необразован, и како знаел Маркул, Тито не знаел да свири на пијано.
Меѓу другото, Маркул тврди дека Јосип Броз бил околу 180 сантиметри, а овој “лажниот” само 160 см. Маркул исто така, реколе дека човекот кој педесеттите години го видел зборувал малку со руски акцент, а тоа кажува многу. Тој вели дека Тито зборуваше остро. Maркул уште тврди дека вистинскиот Тито бил многу болен и имал туберкулоза, и исчезнал во Русија во 1937 година.
Сестра му на Маркул има слично мислење
По приемот на Маршалот во 1953 година, Маријан ја посетил мажената сестра во Загреб. Во еден момент на разговор се свртел кон тоа дали Тито бил вистинскиот и тие се согласилеа дека тој не е, барем така зборувал Маркул. Сестрата рече дека таа и нејзиниот сопруг живеат во верување дека Тито, оној од Ужичка броје 15 е обичен измамник. Маркул додал дека неговиот татко Иван Маркул има слично мислење. Иван и Јосип Броз работеле во истиот град, но Иван бил убеден дека маршалот во Белград не бил ист како другарот Тито – секретар на Комунистичката партија на Југославија.
Втората средба со Тито во 1953 година Маркул ја имал во Загреб. Овој пате Маријан и неговата сопруга Ингрид, Маршалот речиси целосно ги игнорирал. По аудиенцијата со Маршалот, Маркул со часови разговарал со Александар Ранковиќ, кој се нашол тука со всушност најмоќниот човек во Југославија.
Ранковиќ и Maркил наводно биле заедно во затвор на крајот на дваесеттите години на минатиот век, бидејќи биле синдикалните активности, и за тоа време се зближиле. Затоа Maркул на Ранковиќ отворено му рекол дека тој знае дека Тито во соседната соба е лажен.
Југословените соработуваат со Советите
Maаркул продолжил со обвинувања и тврди дека југословенските власти соработуваат со Советите, и тоа во рок од четири или пет месеци на секој му било повеќе од јасно. Тој продолжи со обвиненијата и вели дека човекот што се претставува како Тито, всушност е руски агент и е послушен на Советскиот Сојуз.
Како што тој зборувал, и јас поминав неколку години во Русија, и се чинеше дека видел голем број на руски агенти на улиците на Југославија. Во Русија отишол во 1930 година и сметал дека општеството е добро, но бил уапсен затоа што не ја исполнуваат квотата на трудот. Американски агенти, изјавиле дека е само три години подоцна успеал да избега од Русија и тоа преку Сибир.