Над 500 проститутки кои работат во западната турска провинција Измир, веќе ќе можат мирно да се пензионираат, пишува “Хуриет дејли” (Hurriyet Daily). Турскиот државен Институт за социјална заштита утврди дека 1,8 илјади секс-работнички, меѓу кои неколку жени во пензија, не можат да се оддадат на заслужен одмор, бидејќи работодавците иво текот на изминатите седум години не им го плаќале целосниот износ на осигурувањата.

Сторителите биле казнети и брзо ги платиле придонесите. Како резултат на државната грижа 501 проститутки добиле право на пензија. Уште 1299 работат во борделите ќе добијат социјално осигурување според законот. Решавањето на ова прашање се случило благодарение на помош на Центарот за заштита на правата на жените во Измир. Организацијата инсистира на создавање на владина комисија која ќе ги контролира локалните јавни куќи и подготвила извештај кој дал можност на Институтот за социјална заштита да ја врати правдата. Во Турција проституцијата е легална, потсетува лента.ру. За да се добие право за укажување на интимни услуги, жената треба да направи идентификациска картичка со податоци за здравствената состојба и редовно да поминува прегледи за венерични болести.