
Изненадувачка победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД доведе до емоционални реакции, анализи, прогнози и противречности и даде богат материјал на карикатуристи во светот. Некои од сатирични цртежи, беа распространети низ социјалните мрежи.
Меѓу нив е новата корица на францускиот сатиричен магазин “Шарл Ебдо”, на која црниот претседател Барак Обама бега од бели полицајци кои пукале во него.
Има мотиви и од тоа како тоне брод , а и фотоколаж на Доналд Трамп, кој на денот на изборите го прашува “Гугл” “Што работи претседателот?”.





