ЕУ ќе ги разгледа односите со Турција

од Vladimir Zorba
165 прегледи

 

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе ги разгледаат денеска односите со Турција откако минатата недела Унијата ја осуди силно кампањата на Владата против медиуми и опозицијата, но се воздржа да ги замрзне преговорите за членство, јави ДПА.еу тур

Дискусијата е по месеци на тензии меѓу Анкара и Брисел, по акциите на претседателот Ердоган како одговор за неуспешниот преврат во јули. Десетици илјади луѓе беа приведени или отпуштени од работа по воведувањето вонредна состојба во државата по обидот за пуч.

Минатата недела ЕУ остро ја предупреди Турција дека отстапува од клучните принципи како владеење на правото и законите. Турција е кандидат за членство во ЕУ од 1999 година.