Најпопуларниот политичар меѓу Србите се поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито и Слободан Милошевиќ.
Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување, во кое учествувале 1500 луѓе и кое беше објавено од весникот “Данас”. Во првата шестка меѓу омилените лидери се наоѓа и српскиот диктатор Слободан Милошевиќ. За претседателот Тито кој потоа го нарекуваа диктатор ,се определиле 33 отсто од анкетираните. По него се наоѓа актуелниот премиер Александар Вучиќ, а на трето место е убиениот во 2004-та година српски премиер Зоран Џиџиќ.
Тито води во сите образовни групи меѓу учесниците во анкетата, а непомалку битен за српството се котира и СЛободан Милошевиќ. Сега рамо до рамо ги следи и актутелниот премиер Вучиќ кој ја тера истата пропаганда машинерија и не се симнува од екраните, и не излегува од популизмот со години наназад.
Потсетуваме, Јосип Броз Тито управува со Југославија и Србија самостојно од 1945-та година до неговата смрт во мај 1980-та година. Во негово време се убиени стотици илјади противници на режимот. Потврда е и злогласениот затвор за политичките противници Голи Оток. Пред две недели во една пештера во Словенија беше отворен уште една масовна гробница со над 3.000 луѓе кои биле забетонирани живи. Слободан Милошевиќ предизвика неколку балкански војни – во Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово. Кај нив загинаа десетици илјади луѓе, а милиони ги напуштија своите домови. Неговите извршители и приврзаници во Босна и Херцеговина, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ извршија најголемите воени злосторства по Втората светска војна во Европа. Само во Сребреница во летото 1995-та година беа убиени околу 9.000 луѓе.