Жените се чувствуваат најпривлечни на 31 година

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 

Едно неодамнешно истражување потврди дека самодовербата има големо влијание врз луѓето, заклучувајќи дека дури и тајната на добриот изглед се крие во самодовербата и ставот кој го имаме.womannn_wide

Истражување откри дека припадничките на понежниот пол се чувствуваат најубави и најпосакувани на 31-та година од животот.

Зошто токму тогаш? Одговорот е многу едноставен.

Колку што се старее, така се станува посвесен за своите квалитети, што дава голема предност пред младите жени кои се почесто се чувствуваат несигурно. Исто така, со годините се развива личниот стил било да се работи за мода или убавина и се повеќе се одалечува од масата.

Со друго зборови, со годините се знае што ни стои и во што се чувствуваме најпријатно, а тоа е на врвот во доцните 20-ти, односно раните 30-ти години.mazi

Истражувањето беше спроведено на повеќе од две илјади испитаници, мажи и жени, а од нив 70 осто откриле дека клучен фактор кои жената ја прават повеќе привлечна е нејзината самодоврерба. За изгледот на жената се одлучиле 67 отсто, а 47 за стилот.

Заклучокот е едноставен: самодовербата, ставот и се друго што доаѓа од внатре е поважно од физичките карактеристики, односно надворешноста