Присуството на тоалет на работното место “спасува живот” и го “зголемува економскиот раст”, се вели во соопштението на Меѓународната организација на трудот (МОТ) по повод “Светскиот ден на тоалетот”.

Во видео обраќање генералниот директор на МОТ Гај Рајдер наведува дека “2,4 милијарди луѓе, една третина од човештвото живее без тоалети” и болестите предизвикани од недостаток на канализација и хигиена, предизвикуваат една петтина од смртните случаи на работното место.
Покрај тоа, “падот на продуктивноста на трудот”, кој се должи на такви болести годишно го намалува за 5% БДП во многу земји.
Рајдер алармира дека “во фабрики, продавници, училишта, на пазари и дури во болници, вработените треба да изберат дали да влезат во примитивен тоалет, или да бараат одводни места надвор”.
Некои работници ги ограничуваат храната и пијалоците, за да не им се наметнува да одат тоалет. Други ги потиснуваат своите потреби, посочува шефот на МОТ.
Гај Рајдер истакнува дека вработеноста зависи и од здравјето.
На глобално ниво за задоволување на потребите од водоснабдување и канализација се потребни повеќе од 50 милијарди долари.
Оваа година светскиот ден на тоалетот е насловена “Тоалет и вработување”, за да се нагласи дека присуството на тоалети е “суштински елемент за пристојна работа”. Целта е до 2030 година секој жител на планетата да има пристап до тоалет.