DW: Паднати веб-сајтовите на повеќе македонски медиуми – технички проблем или напад?

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Утрово повеќе веб-сајтови, кои во голема мера имаат критички настроена уредувачка политика кон власта, целосно не функционираа. Од компјутерската компанија тврдат дека се рбаоти за технички проблеми.

Symbolbild Internet Hacker Sicherheit Computer www (Fotolia/alphaspirit)

Веб-сајтовите на повеќе македонски онлајн медиуми, меѓу кои и НОВА ТВ, Локално .MK,  Фокус, СДК.МК, ПлусИнфо, Либертас, и МКД.МК утрово неколку часови не функционираа.

Пристапот до електронските изданија на весниците Утрински, Дневник и Вечер исто така беше оневозможен.

Читателите на веб-порталите, кои во голема мера се критички настроени, не можеа да пристапат кон нивните содржини откако на веб-страниците се појавуваше информација дека тие се офлајн и не се достапни.

Во моментот додека го пишуваме овој текст, некои од сајтовите полека се враќаат онлајн и може да се отворат, додека дел од нив сѐ уште не се достапни и немаат пристап.

Сите веб сајтови имале хостинг кај една иста компјутерска компанија – УНЕТ, од каде за агенцијата МЕТА излегоа со став дека не се работи за некаков хакерски напад, туку за технички проблем.

„Проблемот се случил синоќа додека сообраќајот на порталите бил мал, затоа и не се активирале заштитните механизми. Се работи за линковски проблем и не станува збор за сајбер-напад. Работиме на проблемот и се надеваме дека за кратко време ќе биде решен. Потенцирам дека не станува збор за никаков напад“, изјави директорот на УНЕТ, Антони Пешев.

Сопственивите на порталите велат дека најоштетени се читателите кои немали пристап до информациите кои секојдневно ги читаат, а дали станува збор за смислен хакерски напад ке треба да одоговорат експертите и провајдерите.