Стејт департмент: Американците предупредени на опасноста од терористички напади во Европа за Божиќните празници

од Vladimir Zorba
98 прегледи

 

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување до американските државјани на зголемената опасност од терористички напади во Европа, особено во периодот на Божиќните празници, пренесуваат британските медиуми.spionazaSad-zname-540x320

„Американските граѓани треба да покажат внимателност на празничните настани и на пазарите на отворено“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

„Доверлива информација покажува дека Исламска држава, Ал Каеда и нивните ќелии и натаму планираат напади во Европа“, се наведува во предупредувањето.