Висока загаденост го гуши Скопје

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Енормна загаденост во поголемите градови низ Македонија регистрираа последните два дена мерните станици. Македонија се задушува, метрополата тоне во смог и магла, а канцерогените ПМ10 честици ги пробиваат рекордите.
загадено
Дозволената граница на канцерогените честички е 50 микрограми на еден метар кубен, но изминатото деноноќие мерните станици измерија:
Шест пати поголема загаденост во Центар, Карпош и Гази Баба, дванаесет пати поголема загаденост во Лисиче, а рекордот беше регистриран во Куманово  со 750 микрограми на метар кубен.
Центар          –      304
Карпош        –      335
Лисиче                603
Гази Баба            330
Ректорат             466
Миладиновци    303
Битола                367
Кичево               220
Тетово                296
Велес                  205
Кавадарци         362
Куманово          747
Најголема е загаденост во вечерните часови. Граѓаните велат дека тешко се дише.
Поради надминување на граничните вредности на штетните честички пет последователни денови, Град Скопје препорачува меѓудругото граѓаните да го користат јавниот превоз и да  излегуваат од дома само доколку е тоа неопходно:
Се апелира до сите граѓаните
-да го користат јавниот превоз
-да не ги користат своите автомобили без поголема потреба
-при користење на автомобилот во него да се возат повеќе лица истовремено
-да користат суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци
-да не ги проветруваат просториите
-да излегуваат надвор само доколку е тоа неопходно
-малите деца, бремените жени, хрноничните болни и постари луѓе да не излегуваат воопшто
Проблемот со загаденоста се повторува секоја година, а мерките на надлежните не го подобрија квалитетот на амбиенталниот воздух.  Екологистите бараат државата прво да го реши проблемот со половните автомобили кои почнаа да се увезуваат во 2010, а кои до август годинава достигнаа бројка од 215.000./Тв 24 вести