
На интернет голема популарност доби шокантното видео кое целосно може да биде конкуренција на работата на режисерите во Холивуд, пишува rusvesna.su.
На кадрите “мртовецот”, лежи подолго време под урнатините, одеднаш “оживува” и почнува да вреска (очигледно од болка).
На снимката се гледа како мажот сосема како актер игра “жртва на бомбардирање на крвавиот режим на Асад и воздушните сили на Русија”, пишува рускиот сајт.
Тој не мрда, лежејќи на земјата, а над него наведнати стојат неподвижно двајца “доброволци” од организацијата “Белите шлемови”.
Откако операторот прави целт круг со камерата и ја снима “инсталацијата” од сите агли, “убиениот” како по команда оживува и почнува да вреска од болка, а во исто време неподвижните дотогаш “спасители” одеднаш го креваат и почнуваат да го носат .
Корисниците на мрежата целосно логично се прашувам зошто “белите шлемови” околу 24 секунди стојат апсолутно неподвижно над телото на “жртвата”.
Авторите на публикацијата коментираат дека е сосема можно “режисерите” да планирале користење на иста декорација за претставата на две “сцени”: слики на “убиениот” и драматична видео снимка на “спасување на повредениот”, но можеби поради неподготвеност на мрежата влегла целата верзија.

Видеото веднаш се пршири на социјалните мрежи на Запад и Блискиот Исток,а шокирани беа и Арапите и Европејците со склопената претстава. Многу е веројатно некои средини дека сакале да го користат како одреден вид пропаганда против војската на Асад и активностите на воздушните сили на Русија.
Подоцна сириски блогери дури објавија селфи на “воскреснатиот” со неговите “спасители”.
https://youtu.be/tyJaXKxmYCc