Важна вест за постењето и јадењето

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Исхраната по религиозните пости е исклучително важна- вели Марија Русинова, специјалист за исхрана и диететика . Таа појаснува дека не треба веднаш луѓето да се нафрлаат веднаш на месни и млечни производи.

1464755307-eating-fruits45
“При завршувањето на постите, наглиот прием на големи количини месо, млеко и јајца може да доведе до различни негативни ефекти. Затоа е добро земањето да започне постепено, односно првиот ден по постите да се започна со мал внес на млеко и млечни производи, а дури следниот ден може да се вклучат и месните производи, како во првиот оброк тие треба да се во мали количини ” , вели Русинова

Таа посочи дека прекумерното ограничување на исхраната и избегнувањето на житна и мешункаста храна еосновна грешка за време на постите.

“Најголемата грешка е за време на постењето е кога за време на целиот пост луѓето не конзумирале месо, млеко и јајца, а потоа во еден ден на еден оброк ги вклучат одеднаш и во големи количини во менито”, вели Русинова и додаде дека ова е грешка, бидејќи ензимите кои се разградуваат и апсорбираат од оваа храна во организмот, ја намалиле својата активност во овој долготраен пост.

“Затоа е убаво земањето на мрсна храна да биде постепено”, сумираше нутриционистот.