Германците кои важат за едни од најпосветените Европејци, се повеќе се критички настроени кон ЕУ и со големо мнозинство се против натамошно проширување на Унијата, наведува „Дојче Веле“. 
Според анкетата, што за потребите на хамбуршката Фондација „Кербер“ ја спроведе агенцијата „ТНС Инфратест“, Гермаците се назадоволни од состојбата во ЕУ и дури 62 проценти од нив сметаат дека блокот се движи во погрешна насока.
Дури 64 отсто од анкетираните се противат на натамошното проширување на Унијата, а овој процес го поддржуваат само 33 проценти од Германците.
Кога станува збор за членството на Турција во ЕУ, дури 82 отсто од испитаниците не се согласуваат со прием на оваа земја во блокот.
Анкетата покажува дека според 67 отсто од Германците, клучна причина за слабеење на кохезијата на ЕУ е одлуката на Британците за Брегзит.
Најбројни критичари на ЕУ е се младите на возраср меѓу 18 и 29 години, а меѓу партиските привразаници најнегативен однос кон Унијата имаат симпатизерите на десната популистичка и антимигрантска партија Алтернатива за Германија (АФД).
Само два проценти од приврзниците на АФД сметаат дека ЕУ се движи во вистинска насока, а на вакво мислење се и само 19 отсто од симпатизерите на партијата Левица и 50 отсто од приврзаниците на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.
Според „Дојче Веле“, анкетата покажува дека Германците не сакаат „поделена, туку потранспарентна Европска унија, која ќе биде поблиска до обичните луѓе“.
– Луѓето очекуваат Европа да функционира. Тоа се однесува и на прашања, како што се миграцијата или безбедноста, оцени германскиот министер за надворешни работи и кандидат на владејачката коалиција за иден претседател на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.