Еди Рама: Русија и радикалниот ислам може да го зголемат своето влијание во Западен Балкан

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Еди Рама смета дека ЕУ не е во добра политичка форма

5184920

Русија и исламистичките екстремисти може да го зголемат своето влијание врз балканските народи, ако ЕУ не ги прифати. Тоа  го вели албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германскиот весник “Франкфуртер алгемајне цајтунг”.

Рама тврди дека во интерес на ЕУ е да ги прифати земјите од Западен Балкан. “Ако сакаме сигурни и стабилна ЕУ и Европа, не е добро да има пропусти. Не треба да се заборави дека има втори и трети играчи кои ги играат нивните игри и може испробаат колку во овој дел на Европа има вакуум.

Ја имам предвид Русија, но и радикалниот ислам “, објасни албанскиот премиер.

Еди Рама изрази сомнеж во желбата на Европа да прифаќа нови членови. “Не станува збор за тоа колку нам ни е потребно, туку  за тоа како ќе се развива Европа. Во меѓувреме, политички ние сме во многу добра форма, а ЕУ не е “, истакна Рама.

Весникот појаснува дека Западен Балкан се наоѓаат помеѓу Грција и Унгарија, кои се членки на ЕУ. Хрватска и Словенија исто така се во ЕУ, додека Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија се кандидатки. Тие се на различен стадиум од подготовките за членство во ЕУ.

Весникот потсетува дека проширувањето со Западен Балкан веќе не приоритет на ЕУ, но локалните политичари истакнуваат дека Русија се обидува да го зголеми своето влијание меѓу овие држави.