Претседателот Рамзан Кадиров бара кој му ги украде овците за Курбан Бајрам наменети за сиромаштијата

од desk3
73 прегледи

Над 60 илјади овци, 100 камили и голем број говеда ќе бидат традиционално поделени на сиромашните семејства во Чеченија и соседните руски региони како помош од добротворниот фонд “Ахмат Кадиров” по повод муслиманскиот празник Курбан-Бајрам, соопшти лично чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на 10 септември.

kadyrov

Кадиров напишал во Instagram дека 30 илјади овци ќе заминат за Дагестан, Ингушетија, Северна Осетија, Кабардино-Балкарија, Ставрополскиот крај, Карачаево-Черкесија, Адигеја, Ростовската област, Калмикија и за Астраханска област, информира EAdaily.

Курбан-Бајрам е еден од најсветите муслимански празници, на кој сите верници треба да седнат на богата трпеза. За целта најбогатите колат добиток, како една третина оставаат за себе, втората ја подаруваат на роднини, а последниот дел се подарува на сиромашните.

Се покажало дека сепак половина од стадото во северокавказката автономна република Адигеја исчезнало на патот кон малоимотните муслимани. Насекаде регионалните медиуми го пренсле ритуалот по раздавање на жртвените животни, само во Адигеја молчеле.

Заштитник на човековите права од Мајкоп Валериј Бриних направил истрага, ја разнишал далаверата и го известил обвинителството и со писмо Рамзан Кадиров, и пуштил копија и до медиумите.

1480673256-aaaa-ovni-skachat

Покажало дека за 450-илјадната република биле испратени 1250 овци, кое можеле да ги покрие празничните потреби на сиромашните. Само што не се случило така. Корумпирани чиновници ги лишиле од месо токму муслиманите во престолнината Мајкоп и реонот околу него. Нема како да не се расчуе.

Бриних утврдил дека половина од животните (640) се украдени и скриени во поранешна живинарска фарма во населбата Родниковское само 10 километри од Мајкоп. Сега се останати само 500 глави, а разликата е изедена, но се тврди дека животните умреле од неизлечива болест.

Грижата за стадото е доделена лично на главниот ветеринар на републиката Амин Хаконов. На заштитникот на човековите права му станало јасно дека шефот на ветеринарното управување и неговите подредени се само изведувачи, а зад сквернавење да се украде “од сиромашните и од Аллах” стојат световните и духовни власти на републиката. “Среброљубието е еден од најстрашните гревови во секоја религија” – напишал заштитникот на човековите права.

“Почитувани Рамзан Ахматович! Моето искуство во борбата со корупцијата покажува дека органите на прогонот на Адигеја и органите на обвинителството ништо нема да направат, а назад ќе се обидат за го замотаат случајот. Признавајќи дека со својата постапка оние кои украдоа 640 овци, посегнаа на Вашата чест, и го сметам како прашање на чест е да се обезбеди објективна и целосна истрага на ова злосторство “- се вели во писмото на Валериј Бриних до Рамзан Кадиров.

Слични содржини