(ВИДЕО) “Торонто Рапторс” ја забележа најголемата победа во историјата

од desk3
86 прегледи

“Торонто” забележа најголема победа во историјата, откако се наметна со 128: 84 при домаќинството на “Атланта Хокс” во НБА.

zx450y250_2876760

Осум играчи на канадскиот тим завршија со двоцифрен бодова активност, а најпрецизен беше ѕвездата на тимот Демар Дероузан со 21 поени. Кајл Лоури пак целеше во “трипл-дабл”, но на крајот заврши со 17 поени, 8 скока и 8 асистенции.

По историскиот успех “рапторите” ја заземаат втората позиција во Источната конференција со 14 победи и шест порази. Шампионот “Кливленд Кавалирс” пак е со биланс 13-5.

Лидерот на запад “Голден Стејт” пак запиша нова победа, откако се наметне над “Феникс санс” дома со 138: 109.

 

https://youtu.be/LNAoJkphz6U

Ѕвездата на тимот Стеф Кари постигна 31 поени, од кои 20 во третата четвртина, Клеј Томпсон додаде уште 26, а Кевин Дурант заврши со 20.

“Вориорс” веќе се со биланс 17-3, додека “Сан Антонио Спарс” е со 16-4, а “Лос Анџелес Клиперс” е со 16-5.