Жителите на градот го обвиниле отецот дека ги затворил очите за голема сума пари и дека тоа е атак врз православието и српството.

Отец Зоран Голубовиќ ги разбранува духовите во источниот српски град Заечар, коментира белградското радио Б92. Попот викендов беше снимен како го осветува ноќниот клуб “Доријан Греј”.
“Установа, како што покажува самото име, ќе биде собиралиште за хомосексуалци. Веројатно во црковните кругови романот на англискиот писател од крајот на XIX век Оскар Вајлд, ги потсетило дека името на клубот ја воспеван машката љубов
Во исто време, сепак клирот дефинитивно заборавил дека хомосексуланоста и мажољубството е смртен грев “, продолжуваат во настапот српските медиуми.
Жителите на Заечар го обвиниле отецот дека ги затворил очите за голема сума на пари. Ниту од епархијата, ниту од Синодот на Српската православна црква не одговориле на повиците на новинарите.