Грешки, пропусти од САД за време на воената операција во Ирак за соборување на Садам Хусеин, станаа една од причините за појава на терористичката група “Исламска држава” (ИД).

Тоа го призна претседателот на САД Барак Обама, говорејќи во американската база на ВВС Макдијл во Флорида, во изложувањето на пристапот кон борбата против тероризмот.
“Ние одбиваме да повториме некои од грешките при инвазијата во 2003 година, кои првично придонесоа за развојот на организацијата, која стана позната како ИДИЛ (Исламска држава во Ирак и Левант, како се викаше ИД)”, изјави Обама.