Американски и британски агенти прислушуваат патниците во 27 авионски компании

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Програмата за следење  го носела тајното име “Поштенски гулаб”.

Американските и британските тајни служби подготвиле специјална програма за следење и прислушување на патниците во неколку авионски компании. Употребата на мобилни телефони преку интернет конекција за време на летовите е следена преку посебна програма која била создадена од американската агенција NSA и британската GСQ. Програмата била имплементирана во вкупно 27 авионски компании, вклучувајќи Бритиш Еруес, Тркиш Ерлајнс, Аерофлот, Луфтханза, кои во 2012 година дозволија употреба на мобилни уреди за време на летовите.