63
Просечниот животен век во САД во 2015 година се намалил во однос на претходно, првпат по 1993, се посочува во извештај на американскиот Национален центар за медицинска статистика.
Средната долговечност е намалена од 78,9 на 78,8 години. Притоа, кај мажите падот е поголем (од 76,5 на 76,3 години), отколку кај жените (од 81,3 на 81,2 години. Смртноста пак, лани е зголемена за речиси 100.000, на 733.100 лица.
Експертите засега не можат со сигурност да кажат дали тоа е случајно отстапување од нормата или пак – тенденција, јавува радиото НПР