На кадрите од безбедносната камера се гледа како таа се бори со ноќниот дух.

Зол ноќен дух нокаутира жена на земјата. На кадрите од безбедносната камера се гледа како жената се бори со невидлива сила и конечно паѓа во несвест, соопшти esoreiter.ru.
Дамата кротко си седела на столицата во салата за состаноци, со поглед во екранот на мобилен телефон. Одеднаш таа набрзина се врти, имала чувство дека некој ја влече за коса, но покрај неа немало никој. Потоа жената направила обид да му се јави на некој и тогаш на кадрите се гледа како една столица почнува да се движи и набргу потоа дамата е турната на земјата.
Таа се обидува да избега, но е нокаутирана, паѓа во несвест. Додека лежи на подот, се гледа како столовите крај неа и масите да се движат.