МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-12 Берово, -11 Скопје Петровец, -10 Д. Капија, -9 Струмица, Битола, -8 Куманово, Штип, Тетово, Скопје, -7 Прилеп, Дебар, -6 Кр. Паланка, Гевгелија, -5 Маврово, Лазарополе, -4 Претор, Виница, Охрид, -3 Тополчани, -2 Пожаране, Дојран, Крушево, -1 Ѓуриште.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта и изутринава ведро и претежно тивко и студено.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со слаб северен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.
Скопје, Сончево и тивко со температура до 5 степени
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во наредните денoви под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса ќе се задржи стабилно и суво, односно претежно сончево време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб, а кон средината на неделата и умерен ветер, претежно од северен правец. На повисоките места и на планините ќе биде нешто потопло во однос на котлините.