(ВИДЕО) Снег во Сахара за прв пат од пред 37 години

од desk3
89 прегледи

Фотографот Карим Бучетата направи неверојатни фотографии на покриената со снег пустина Сахара во близина на алжирскиот град Ајн Сефра вчера. Снег на дините на најголемата пустина во светот се гледа за прв пат од пред 37 години. За последен пат ваква глетка била забележана на 18 февруари 1979 година, како снегот се задржал само половина час.

Овој пат снегот успеал да се задржи целиот ден. “Сите беа воодушевени да видат снегови во пустината, бидејќи тоа се случува многу ретко”, изјави Карим. Пустината Сахара гп покрива поголемиот дел од Северна Африка и преживува температурни и климатски промени со милениуми. Иако Сахара денес е многу сува, научниците предвидуваат дека таа повторно ќе биде зелена по околу 15 000 години.