-9 Берово, -8 Куманово, Струмица, Битола, -7 Скопје Петровец, -6 Дебар, Штип…

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-9 Берово, -8 Куманово, Струмица, Д. Капија, Битола, -7 Скопје Петровец, -6 Дебар, Штип, -5 Маврово, Тетово, Скопје Зајчев Рид, -4 Пожаране, Лазарополе, Гевгелија, Ѓуриште, Кр. Паланка, Прилеп, Крушево, -3 Претор, -2 Охрид, Тополчани, -1 Виница, 0 Дојран.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје сончево со слаба магла и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне 4 степени.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево, а во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти помеѓу -14 и -6, а дневната ќе достигне од 4 до 10 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денoви под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето и понатаму ќе биде стабилно и суво. Утрата ќе бидат ведри и студени со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде претежно сончево, а зголемена облачност ќе има во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во благ пораст.