Зошто пире од компири со заглавена во него вилушка не паѓа од превртена чинија?

На интернет голема популарност добива видео наречено “Фокус во армијата”. На кадрите војник со спокоен израз прави магија со чинија наполнета со пире, по што ја врти наопаку, демонстрирајќи како храната лежи удобно и не паѓа.
За уште поголема убедитеност тој дури става во пирето вилушка и потоа повторно ја врти чинијата, но таа исто така, останува да виси.
Еден дел од корисниците на интернет го коментираат експериментот, но исто така со носталгија се потсетуваат за искуствата за време на воената служба, како и своето тогашно искуство поврзано со храната.